Детали за падот на детето од шести кат во Србија

Петгодишното дете од Ваљево кое падна од тераса на шестиот кат од станбената зграда се бори за живот.

Сосед раскажува за несреќниот настан кој ја потресе јавноста. Детето било само во станот кога се случила несреќата.

Малото момченце кое преживеа пад од 20 метри, се уште е во болница и лекарите се борат за неговиот живот.

Несреќата се случила околу осум часот. Сосед кој го видел момчето веднаш притрчал да помогне. Повикал Брза помош која веднаш дошла.

– Го видов како лежи и веднаш истрчав да помогнам. Беше страшно,лежеше како да е мртов, вели соседот Предраг.

Детенцето било само во станот. Мајката која дошла за неколку минути веднаш се обидела да го реанимира додека лежело на плочникот.

Лекарите прават се што е во нивна можност да го спасат малото момче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.