Детали за сообраќајната несреќа на патот Битола-Кичево во која загина 25-годишна девојка

На 21.03.2023 во 16.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево, кај место викано „Белимост“, патничко моторно возило марка „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(33) од с.Белче, демирхисарско, излетало од патот.

-Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката Ј.Г.(25) од с.Белче, демирхисарско, додека малолетен сопатник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увид извршила екипа на СВР Битола., а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.