12.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Детали за трагедијата во БиХ: Отворен прозорец до вклучен агрегат веројатно ги отру осумтемина млади во Посушје

Во БиХ денеска е ден на жалост додека аутопсијата на телата на трагично загинатите девојчиња и момчиња од Посушје, кои беа пронајдени мртви новогодишното утро во викенд куќа во Трибистово, ќе започне во Мостар.

Според Дневни аваз, обдукцијата најверојатно ќе започне по 11 часот, со оглед на тоа што се очекуваат резултатите од тестовите за коронавирус.

Д-р Дражен Дамјанук, специјалист по судска медицина, за Аваз потврдил дека бил ангажиран во Обвинителството на западнохерцеговинскиот кантон, а обдукцијата ќе се изврши денес и утре.

Веднаш по истрагата, од сите починати биле земени примероци од крв и урина, што биле испратени на анализа, што покрај наодите од обдукцијата, на крајот ќе ја расветли оваа невидена трагедија, односно ќе ја открие точната причина за смртта.

Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговинскиот кантон и Обвинителството на ЗХК соопштија дека засега сè укажува на тоа дека смртта настапила поради испуштање токсични гасови од агрегатот, што се наоѓал во помошната просторија на викендичката каде славеле Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Мирела Резо , Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ, Марија Павковиќ и Стјепан Јукиќ, сите родени 2001 година.

Агрегатот со кој што се грееле се наоѓал во просторијата од северната страна на викендичката, односно во оставата. Во таа остава, едната врата била затворена, а другата подотворена, додека прозорецот бил поставен директно кон просторијата каде што биле девојчињата и момчињата.

За време на истрагата било утврдено дека прозорецот бил полуотворен, а најверојатно на овој начин издувните гасови, поточно јаглерод моноксидот,влегол во собата и ги задушил осумте млади луѓе.

Полицијата соопшти дека плинот, користен за греење не бил пронајден веднаш до единицата, како што објавиле медиумите.

Осумте млади ја славеле Новата година заедно со уште шест пријатели, кои по забавата, во четири часот наутро, заминале во соседната куќа за да спијат. Едно од младите момчиња од соседната куќа вчера во 10 часот наутро ги нашол мртви.