Детали за трагедијата: Застанале да уринираат, па автомобиот тргнал во рикверц – еве како момче си ги прегази другарите

Во 05:20 часот утрото на 1-ви јануари завршила најлудата ноќ, а се одиграла непосакувана трагедија за друштвото од Скопје кое празнувало во градот Штип.

Телевизија Телма објавува детали од трагедијата и објаснува како момче си ги прегазило другарите:

К.Т. од Скопје превезувал 4-ца другари, не постари од 21 година.

Застанале на магистралниот пат Штип-Кочани, на место викано „Брилијант“.

Неофицијално и од првичните информации откако неколкумина уринирале крај патот, од засега непознати причини возачот со возило „Опел астра“ го пуштил возилото во рикверц и прегазил двајца од своите сопатници.

-21- А.Ѓ од село Трубарово, скопско удрил директно во задното ветробранско стакло со главата и загубил свест. Другарот кој бил до него завршил со скршени заби. Откако се свестиле преостантите момчиња, веднаш реагирале и повредените ги спренеле во штипската болница, а лекарите не успеале да го реанимираат 21-годишниот А.Ѓ, и во 07. 15 минути констатирале смрт. Вториот повреден е вон животна опасност. И тој се здобил во повреди на главата во пределот на вилицата. Загубил заби од ударот, но набрзо ќе биде пуштен на домашно лекување, пренесе телевизијата.

Несреќната петорка случајот го пријавиле во полиција, а предметот е во раце на дежурниот обвинител од штипското обвинителство кое врши распит со сведоците и учесниците во несреќата.