Дете од скопска градинка позитивно на ковид-19

Прв случај на дете заразено со ковид-19 бил забележан во скопска градинка, а оваа информација ја потврди и Министерството за труд и социјална политика, дознава Сител.

Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.

Во домашна излација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.

Владата на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија ковид-19,  на 9 септември 2020 година.

Оттогаш, па досега беа регистрирани 3 заразени воспитувачки во Скопје, Битола и Свети Николе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.