Дете повикало 911 за да му помогнат со домашната задача

Дете се јавило во американската Служба за итни повици и побарало помош за пишување на домашната задача, а диспечерката покажала доволно професионалност и трпение да му помогне, со што стана вистински интернет хит.

Антонија Бунди, вработена во Полицискиот оддел на Лафајет во сојузната држава Индијана, не можела да го одбие момчето кое повикало 911, бидејќи „имало навистина лош ден” и „еден тон домашни задачи“, па му помогнала со задачата по математика.

Добиваме многу необични повици, но овие некако посебно се издвојуваат, изјавува началникот од Одделот, Мет Гард.

Идентитетот на детето не е соопштен.