Дете повредено во автобус на ЈСП

Десетгодишно девојче било повредено откако паднало по скали во автобус на ЈСП.

Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 11 часот во автобус број 3 на улица Тодор Александров. Во моментот кога девојчето се симнувало по скали од вториот кат автобусот застанал, а тоа паднало по скалите.

По незгодата девојчето со друго возило било пренесено во Ургентен Центар „Систина“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.