Дете прегазено во Батинци, возачот избегал

Во четвртокот доцна попладнето, околу 18.45 часот било пријавено дека во селото Батинци, скопско, патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(32) од Скопје, удрило во седумгодишен пешак од Скопје и го напуштило местото на незгодата.

Пешакот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.