Дете прегазено во Скопје

На 14.10.2020 во 14.37 часот било пријавено дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген џета“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(46) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клинки „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.