Дете загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на локалниот пат Куманово-Романовце

70

Дете загина во соораќајна несреќа што се случи попладнево околу 14:15 часот на локалниот пат Куманово-Романовце, потврдија од општа болница Куманово.

– Детето беше донесено без знаци на живот, лекарите се обидоа да го реанимираат, но безуспешно, велат од кумановската болница.

Во сообраќајната несреќа била повредена уште една патничка со полесни повреди, информираат од болницата.

Од МВР потврдија дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила, а детали најавија откако ќе заврши увидот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.