Дете застрелало разбојник кој сакал да ја ограби неговата баба

36

Дванаесетгодишно момче убило еден од разбојниците кои упаднале во стан во Северна Каролина, соопшти полицијата. Наведено е дека две насилни маскирани лица барале пари и со огнено оружје раниле една постара личност.

Станува збор за Линда Елис (73), која од страна на еден член на семејството била идентификувана како баба на момчето,  пишува NBC News..

Момчето пукало кон натрапниците, поради што тие побегнале. Полицијата подоцна соопштила дека пронашла еден од крадците кој бил ранет, а подоцна починал во болницата.

Баба Елис е хоспитализирана со повреди не опасни по живот, а засега не е соопштено чие е оружјето со кое момчето пукало кон провалниците. Како што пишува NBC News, момчето нема да биде кривично гонето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.