Детонациите кои одекнуваат во Скопје се артилериска стрелба во чест на Денот на армијата

Армијата согласно Правилото за воен протокол во Армијата, а во врска со одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата, денеска во Скопје изведе вечерва две артилериски стрелби.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, во време од 15:00 до 18:00 часот се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм), а во време од 19:00 до 19:30 часот се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.)

Артилериската стрелба се изврши од касарната „Илинден“ во Скопје