Детскиот фестивал „Гроздоберче“ по 26 пат вечерва во Кавадарци

Детскиот фестивал „Гроздоберче“ по 26 пат се одржува вечерва во Кавадарци.

Уметничкиот директор на фестивалот, Зоран Станоев – Дејзи рече дека фестивалските доживувања низ годините оставаат белег што трае.

-Дваесет и шест години, ова веќе станува традиција. Ние возрасните, правиме максимум што можеме за нашите деца, во рамки на нашите можности. Секоја нивна насмевка, за нас значи многу. Нема ништо поубаво од тие насмевки, нагласи Станоев, упатувајќи голема благодарност до поддржувачите на фестивалот и родителите на дечињата кои настапуваат.
Станоев потсети дека фестивалот има симболично име, го одразува духот на Тиквешијата, како најголем лозарски регион во државата.

Тој се осврна и на пораките што ги носат песните од годинашново „Гроздоберче“.