Некатегоризирано

Девет имигранти се удавиле крај западниот брег на Турција

Девет имигранти се удавиле крај западниот брег на Турција

Девет лица, од кои седум деца и две жени, ги загубиле животите во четвртокот утрото кога чамец преполн со имигранти потонал покрај западниот брег на Турција, објави турската крајбрежна стража.

Четири лица се спасени во несреќата којашто се случила во близина на популарната туристичка дестинација Кушадаси, во покраината Ајдин.

Турција во 2015 година стана една од главните појдовни точки за повеќе од милион имигранти кои по поморски пат се обидуваа да дојдат до земјите од Европската унија, повеќето бегајќи од воените конфликти и сиромаштијата на Блискиот исток и во Африка. Покрај тоа, на турска територија се згрижени и неколку милиони бегалци од соседна Сирија.

Со договорот меѓу Анкара и Брисел од 2016 година, драматично се намали приливот на имигранти во ЕУ од кои стотици загинаа на пат кон грчките острови, неколку километри оддалечени од турскиот брег. Според турската крајбрежна стража, оваа година до четвртокот во турските води загинале 54 имигранти.