Девет лица со фалсификувани пасоши фатени на охридскиот аеродром

Вчера во 10,00 часот на Граничниот премин “Свети Апостол Павле“ на излез од РСМ, од Охрид се пријавиле да патуваат Л.Д.(32), Л.М.(31), Н.Н.З.(32), Н.К.(19), Н.М.(45), Н.А.(47), Н.Х.(24) и двајца малолетници на возраст од шест и 14 години, сите со израелски патни исправи. Од извршените проверки било константирано дека патните исправи биле фалсификувани. При преглед во нивните патни торби биле пронајдени нивните оргинални патни исправи при што било утврдено дека биле турски државјани: Ц.M.A.(33), Ц.M.B.(31), M.M.(33), Б.Б.Б.(19), Б.С.(45) Б.M.(47), Г.M.(24) и двајца малолетници на возраст од шест и 14 години. Лицата биле приведени и предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.