Девет лица уапсени во Турција за нападот врз лидерот на опозицијата

Турските власти уапсија девет лица, меѓу кои и член на владајачката Партија на правото и развојот (AKP), поради нападот врз лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (CHP) Кемал Киличдароглу и каменувањето на неговиот автомобил на погреб на војник загинат во борбите со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во неделата, објави во понеделникот министерот за внатрешни работи.

Инцидентот се случи во деновите откако Републиканска народна партија (CHP) ја порази по повеќе од две и пол децении Партија на правото и развојот (AKP) на изборите на 31-ви март за градоначалник на Анкара, а во метрополата Истанбул владејачката партија ја оспорува победата на опозицијата.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека поради споменатиот напад уапсени се девет лица, додавајќи дека Киличдароглу бил цел на нападот поради неодамнепните контакти со курдската партија HDP.

„Контактите на CHP и HDP и политиката на HDP која не се оградува од PKK се одвива пред очите на јавноста, Киличдароглу требаше да ги извести властите дека ќе присуствува на погребот… Погрешо е да се обвинува министерството за внатрешни работи за вакви инциденти додека истовремено се соработува со PKK“, рече Сојлу на прес-конференција и додаде дека партијата на Киличдароглу преку нападот се обидува да добие политички поени.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во текот на кампањата ги обвинуваше CHP и Киличдароглу за соработка со тероризмот бидејќи имаа договори во неко изборни единици со прокурдската опозициска партија HDP, за којашто Ердоган посочи дека е поврзана со PKK, којашто и од страна на САД и на ЕУ е ставена на листата на терористички организации.

Од HDP, пак, негираат дека имаат врски со PKK којашто од 1984 година го води оружениот бунт за автономија а потоа и отцепување на југоисточниот дел на Турција, населен претежно со Курди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.