Девет млади скопјани фатени на автобуската станица во Кичево со кокаин и марихуана

Девет лица на возраст од 19 до 21 година се уапсени синоќа во 02.40 часот, во близина на автобуската станица во Кичево.

При преглед на патничко возило „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Скопје, пронајдени се и одземени четири ќеси со кокаин и една со марихуана. Тој, заедно со сопатниците В.А.(21), Д.Г.(20), Д.О.(20), М.Т.(19), А.Т.(19), М.Б.(20), Ф.К.(20) и А.Т.(20), сите од Скопје, се приведени во полициската станица во Кичево, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.