Девет настрадани во експлозија на аеродром во близина на Линц

Девет лица, од кои три потешко, се повредени во експлозија на станица за рециклирање на отпад на аеродромот во Хершинг, во близина на градот Линц во покраината Горна Австрија, пренесува во четвртокот весникот Kronen Zeitung.

На територијата на аеродромот, имено, работи компанијата за преработка на отпад „Umwelt Service“. Екслозијата се случила во една од нејзините простории, околу 8 часот утрото по локално време. На местото на инцидентот сѐ уште работат пожарникари, спасувачи и полициски службеници, се додава во извештајот.