Девет новозарзени од коронавирусот, вкупно 85

Бројот на случаи со коронавирус во Македонија е во пораст, информира министерот за здравство Венко Филипче. Сите досега дијагностицирани пациенти се во корелација.

„Во текот на ноќта се потврдени уште 9 нови случаи. Со ова вкупната бројка до 12 часот денеска е 85 заразени со коронавирус во нашата земја. Регистрирани се случаи во шест градови Скопје, Дебар, Гостивар, Кавадарци, Штип и Охрид“, истакна министерот.

Пациентите сместени на Инфективната клиника се во добра состојба. Најтешката пациентка на респираторна машина е во непроменета состојба односно во критична фаза.

Тројца од пациентите се со потешка форма на пневмонија, а другите со полесна клиничка слика.

„Пациентите кои се на домашно лекување се во постојана комуникација со инфектолозите од клиника, нивната клиничка е сосема лесна па можат да се лекуваат дома. Стабилна кличка слика имаат и пациентите кои се лекуваат во Дебар“, истакна Филипче