Девет причини поради кои треба да одморите од секс

Сексот е неверојатна работа, но понекогаш ни треба одмор и од него. Ако не успеете за време на врска, треба да се одморите од сексот барем по раскинувањето и во текот на запознавање со нова љубов. Тоа одлично ќе ви дојде за подобро да се запознаете. Во прилог на ова ви даваме девет причини поради кои треба да одморите од сексот.

1.Потребно е да одвоите малку повеќе време за да се запознаете со некого доколку сакате сериозна врска, а би сакале да избегнете изненадувања кое може да ви се случи кога ќе се соблече.

2. Сексот со некој нов не ги лекува старите рани. Подобро одвојте време сами да се изборите со тоа пред да се впуштите во секс.

3. Да, сексот е прекрасен, но флертувањето и исчекувањето понекогаш може да бидат уште подобри, затоа воздржете се од секс и уживајте во нив.

4. Ако знаете дека нема да имате секс, можете да носите удобна долна облека на состанок.

5. Можете да се „дружите“ сами со себе. Да излезете сами во кино, да прошетате и уживате во природата и кога ќе се вратите да се задоволите сами себе.

6. Нема ризик од сексуални преносливи болести

7. Можете да го одложите чистењето и средувањето на спалната соба ако не ви е до тоа.

8. За тоа време можете подобро да се запознаете со своето тело и да сфатите што ви се допаѓа така што сами ќе истражувате „што ве пали“.

  • 9. Кога ќе се случи ќе се случи затоа што вие навистина сакате.