Девет унгарски пливачи заразени со коронавирусот

Богларка Капаш

Светската шампионка во пливање, Унгарката Богларка Капаш, во вторникот објави дека е позитивна на новиот тип коронавирус, а според најновите информации заразени се уште дури осум други пливачи на унгарската пливачка репрезенатација.

Дваесет и шестгодишната Капаш на својот профил на Instagram објави дека морала да мине на два теста на коронавирус за да може да тренира, но иако првиот бил негативен, вториот покажал дека е позитивна. Сега мора да остане во карантин две седмици и не смее да го напушта својот стан.

„За среќа немам симптоми и затоа е важно да знаете дека иако се чувствувате сосема здраво, сепак можете да го ширите вирусот“, напиша Капаш.

Унгарката го освои златниот медал на 200 метри пеперутка на Светското првенство во кинески Гвангжу минатата 2019 година, а бронзениот медал на 800 метри слободно на Олимписките игри во Рио де Жанерио во 2016 година.

Унгарската новинска агенција MTI ги објави имињата на уште тројца заразени пливачи, бронзените од последното светско првенство Доминик Козма и Рихард Бохуш, како и на европскиот вицешампион Давид Хорват, додека имињата на другите петтмина репрезентативци не се објавени.

Објавено е и дека вкупно се заразени уште десет тренери и членови на стручниот штаб на унгарската пливачка селекција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.