Деветмина починати, а 394 се нововозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 387 оздравени пациенти, а починати се 9 лица, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 190, Кавадарци 29, Велес 19, Делчево 16, Куманово 14, Охрид 12, Дебар 12, Гостивар 11, Прилеп 7, Штип 7, Битола 7, Берово 7, Демир Капија 7, Кичево 6, Тетово 5, Струмица 5, Гевгелија 5, Свети Николе 4, Неготино 4, Виница 4, Струга 3, Кочани 3, Крива Паланка 3, Радовиш 3, Крушево 3, Ресен 2, Пробиштип 2, Кратово 2 и Пехчево -2.

Регистрирани се 387 оздравени пациенти од: Скопје 255, Куманово 21, Тетово 15, Струмица 15, Велес 14, Ресен 12, Битола 11, Дебар 8, Гостивар 7, Кавадарци 5, Штип 4, Кичево 3, Демир Хисар 3, Делчево 2, Охрид 2, Гевгелија 2, Свети Николе 2, Кочани 2, Богданци 2, Берово 1, Валандово – 1.

Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Направените 2.236 теста се преку: ИЈЗ 518, ЦЈЗ Скопје 63, Авицена 188, Биотек 138, МАНУ 110, Жан Митрев 1 01, Систина 150, лабораторија Лаор 128, Судска медицина 3, ЦЈЗ Битола 53, Инфективна клиника 6, ГАК 0, Синлаб-46, Ремедика 8, лабораторија болница Козле 22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) 699, УК Пулмологија со алергологија 5, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.555, бројката на оздравени пациенти е 80.008, на починати е 2.821, а бројот на активни случаи изнесува 8.726.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:  Скопје 39.861, активни 4.788, Куманово 5.153, активни 374, Тетово 5.050, активни 316, Прилеп 4.534, активни 192, Гостивар 3.600, активни 222, Штип 3.491, активни 145, Битола 3.203, активни 156, Велес 3.056, активни 262, Охрид 2.761, активни 367, Кавадарци 2.533, активни 320, Струмица 2.519, активни 278, Струга 2.189, активни 150, Кочани 1.717, активни 83, Кичево 1.710, активни 128, Свети Николе 1.072, активни 32, Гевгелија 978, активни 98, Неготино 957, активни 92, Дебар 753, активни 92, Ресен 730, активни 90, Крива Паланка 719, активни 47, Радовиш 693, активни 46, Делчево 591, активни 155, Берово 584, активни 43, Пробиштип 505, активни 41, Виница 489, активни 34, Валандово 325, активни 11, Демир Хисар 243, активни 6,  Македонски Брод 242, активни 11, Богданци 224, активни 27,Кратово 220, активни 20, Крушево 203, активни 29, Демир Капија 195, активни 33, Македонска Каменица 190, активни 20, Пехчево 183, активни 13, Дојран 82, активни 5.