Деветмина починати и 721 новозаразен со коронавирус

Министерството за здравство информира (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие е потврден 721 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 357 случаи во Скопје, 72 во Прилеп, по 42 во Кавадарци и Гевгелија, 30 во Неготино, 26 во Охрид, 20 во Велес, 18 во Гостивар, 17 во Куманово, 16 во Битола, 12 во Кочани, десет во Крушево, осум во Струга и по седум во Штип и Богданци.

Потоа, пет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Крива Паланка, по четири во Кичево, Ресен и Валандово, по три во Тетово и Виница, по два во Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале девет лица, односно, тројца пациенти од Скопје на 85, 80 и 69 години, двајца од Куманово на 81 и 74 години и по еден од Прилеп на 75 години, од Велес на 73 години, од Крива Паланка на 73 години и од Валандово на 71 година. Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и 1 од Демир Хисар.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.323 тестови.