Деветмина повредени во верижен судир на патот Гостивар-Кичево

Девет лица од кои едно потешко се повредени при верижен судар на три возила што се случил вчера околу 17 часот и 30 минути  на регионалниот пат Гостивар – Кичево во близина на отворените сепарации, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Трите возила што учествувале во сударот биле со гостиварски регистерски таблички и тоа Голф управуван од Ф.О.(34), Лупо управувано од З.М.(58) и Киа управувана од Т.А.(59), сите од Гостивар.

Во сообраќајката со тешки телесни повреди, се здобил З.М., возач на Лупо, додека возачот на Киа заедно со уште седум сопатници од трите возила се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле префрлени во Општата болница-Гостивар од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Вкупната штета се проценува на над 300 илјади денари. Полицијата извршила увид и според првичните информации причина за несреќата е недржење растојание.