Деветмина убиени во видео играчница во Мексико

Четворица вооружени луѓе убиле девет лица во видео-играчница во западно Мексико, при што меѓу жртвите има три деца на возраст од 12, 13 и 14 години.

Обвинителите во Мичоакан изјавија дека две лица се повредени во нападот извршен доцна синоќа. Напаѓачите најверојатно барале одредени цели, но потоа неселективно отвориле оган кон присутните. Двете жртви имале 17 односно 18 години.

Нападот се случи вчера во градот Уруапан, каде напаѓачи во петокот нападнале патрола на општинската полиција при што загина еден полицаец, а двајца беа ранети.

Војната меѓу два нарко картела го тресе градот веќе неколку години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.