Деветнаесет држави побарале прием во БРИКС

Тринаесет држави формално побараа прием во составот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР), а уште шест држави побараа неформален прием, соопшти јужноафриканскиот амбасадор во организацијата Анил Соклал.

Меѓу државите кои побараа прием во БРИКС се и пет извознички на нафта: Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет, Бахреин и Иран. Американската телевизиска мрежа Fox News пренесe дека прием побарале и Аргентина и Индонезија, како и некои африкански држави.

Модалитетите за проширување на БРИКС ќе бидат клучна тема на овогодишниот Самит на БРИКС што треба да се одржи во август во градот Дурбан во Јужна Африка.

Начинот на кој рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на Самитот сеуште е нејасен: дали тој ќе учествува онлајн, или лично ќе допатува во Јужно Африканската Република, откако Меѓународниот суд во Хаг распиша потерница за воени злосторства против рускиот претседател. Претседателот на ЈАР, Сирил Рамапоза, неодамна изјави дека Преторија го разгледува повлекувањето или провременото суспендирање на учеството на неговата земја од Меѓународниот суд во Хаг.