Деветнаесетгодишник со автомобил прегазил девојче во Кавадарци

Деветнаесетгодишен возач со автомобил удрил во девојче во Кавадарци.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 18.30 часот на ул. „9 Бригада“ кога автомобил „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19) од Кавадарци, удрило во девојче, кое се здобило со повреди и било пренесено во болница.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.