Деветнаесетгодишник уапсен на скопскиот аеродром

Деветнаесетгодишно момче од скопското село Бојане е уапсено во средата на скопскиот меѓународен аеродром, во обид да ја напушти земјата, иако за него имало налог за приведување.

„На  15.07.2020 во 13.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на  влез во РСМ, по извршена проверка на Б.Д.(19) од с.Бојане, скопско, било констатирано дека во оперативната евиденција се наоѓал на листата со мерка „апси“ од Одделението за потраги“, соопштијата денеска од МВР.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.