Девизните резерви пораснаа за 25,6 милиони евра

Во вториот квартал од оваа година девизните резерви биле на ниво од две милијарди 39 милиони и 200 илјади денари.

Во вкупниот волумен на девизните резерви, во третиот квартал од оваа година, најмногу зафаќаат хартиите од вредност со една милијарда 688 милиони и 400 илјади евра, монетарното злато е 215 милиони и 400 илјади евра, додека кај валутите и депозитите износот е 158 милиони евра.

Споредбено со претходниот квартал, намалување е забележано кај хартиите од вредност, бидејќи биле на ниво од една милијарда и 707 милиони и 800 илјади евра. Кај монетарното злато е забележано зголемување за 14,6 милиони евра. Скок од 29,8 милиони евра е регистрирано кај валутите и депозитите.

Вкупните девизни резерви во истиот период лани биле на ниво од две милијарди 103 милиони и 600 илјади евра, додека една година претходно биле само над 1,8 милијарди евра. Само за споредба, во третиот квартал од 2007 година, вкупниот износ на девизни резерви е една милијарда 522 милиони и 100 илјади евра.

Девизните средства се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за директно финансирање на нерамнотежата во платниот биланс и индиректно регулирање на таквата нерамнотежа преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс.

Девизните резерви, како средства со кои располагаат и се контролирани од страна на монетарните власти, се состојат од: монетарно злато, специјални права на влечење, резервна позиција кај ММФ и девизи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.