Девојче повеќе од осум години јадело само чипс и леб

Девојченце во Велика Британија до својата десетта година се хранела само со чипс и тост поради невообичаена болест, се вели во прилогот на телевизиската мрежа Fox News.

До една и полгодишна возраст Марта Дејвис примала хрна вообичаена за децата на таа возраст. Меѓутоа, потоа развила невообичаено ментално нарушување поврзано со страв од непозната храна.

„Започнуваше да вреска и да ја оттурнува храната од себе. Се обидов да се борма со тоа, но со текот на времето тоа стануваше само полошо“, изјавила мајката на девојчето Џули Дејвис.

Како резултат на таквите реакции, исхраната на Марта била сведена само на тостови и чипс. Џули се надевала дека ќе проблемот ќе се реши самиот одсебе кога ќерката ќе тргне на училиште и ќе види со што се хранат нејзините врсници. Меѓутоа, за жал, тоа не се случило.

„Таа јадеше по два тоста со путер за појадок и три за вечера“, вели мајката, истакнувајќи дека девојчето јадело сето тоа време само по една кришка леб.

Родителите на малата Британка решиле да побараат помош од хипнотерпевт, за да ѝ помогнат на својата ќеркичка да ја надмине својата фобија. Веќе по првата сесија Марта започнала да јаде корка од пица, а подоцна и зеленчук и овошје. Неколку седмици подоцна девојчето пробало околу 50 за неа нови јадење и продукти.