Девојченце најдено удавено во базен во дебарско

Малолетно лице синоќа е пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи кај село Долно Косоврати, информираше во четвртокот Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.

„Синоќа околу 20 часот во одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Долно Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека по извршен медицински преглед не се констатирани траги на насилство“, рече Димоски.

По насока на јавен обвинител телото на починатото лице било предадено на семејството.

Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили, станува збор за осумгодишно девојче, кое во Ургентниот центар во болницата било донесено без знаци на живот.

Тим од лекари специјалисти се обиделе да го реанимираат но безуспешно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.