Девојка бара три милиона евра отштета поради грешка во родилиште

Млада Шпанка, којашто по анализа на тестот на ДНК открила дека во родилиштето била заменета со друго детет, бара властите да ѝ исплатат отштета од три милиона евра, пренесува порталот Rioha.

Во 2002 година во една од болниците во шпанскиот град Логроњо, во автономната заедница Риоха, случајно замениле две девојченца кои се родиле со разлика од неколку часови. Бидејќи и двете новороденчиња биле со мала тежина, биле сместени во инкубатори, а грешката била направена при предавањето на родителите.

За тоа дека девојченцето не било растено и воспитувано во нејзиното биолошко семејство, се дознало случајно при правење ДНК тест во 2017 година. Причина за тестот била тужбата на нејзината баба, којашто ја растела против нејзиниот татко за издршка на детето.

Притоа, се покажало дека нејзината ДНК не се совпаѓа со генетскиот материјал не само на нејзиниот татко, туку и на нејзината мајка.

Девојката бара од регионалниот оддел за здравство да ѝ плати три милиона евра за морална штета. Но властите се подготвени да ѝ исплатат само 215.000 евра.

Советникот за здравство во Риоха, Сара Алба, изјавила за локалните медиуми дека е невозможно сега да се пронајде виновнкот за катастрофалната грешка.