Девојка од Кратово заработи кривична пријава поради поседување на дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против Е.Ј.(25) од Кратово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

„На 20-ти, овој месец врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената во Кратово, при што пронашле и одзеле марихуана и семки од марихуана“, информираат од МВР