Девојче му зготвила ручек со отров на својот постар сопруг

Само неколку дена откако 14 годишно девојче од Нигерија присилно ја омажиле за 35-годишен маж, барајќи излез таа на сопругот му зготвила ручек  во кој ставила отров за стаорци.

Нејзиниот сопруг , за да ја прослави венчавката, на ручек ги повикал и пријателите.

Младоженецот, заедно со тројцата пријатели кои се гостеле од храната што ја зготвила невестата, поради труење починале на трпезата.

Девојката веројатно ќе биде обвинета за убиство.

Присилното мажење на девојките не е невообичаено во Нигерија, особено во северниот дел од земјава, каде што живеат повеќе мулслимани.