Девојче прегазено на Стража

Сообраќајна несреќа се случила вчера попладне околу 18 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на Стража, пред бензинската пумпа на „Лукоил“, пишува Пресс 24.

Дваесет и седум годишен албански државјанин И.Б. од Тирана  со автомобил „Опел астра“ со кичевски регистерски таблици удрил во 16-годишното девојче од Чегране.

Возачот на „Астрата“,  веднаш ја однел повредената малолетничка во гостиварската болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.