Девојка нападна маж на Клиника за гинекологија

Млада девојка од Скопје во петокот предизвикала инцидент на скопската Клиника за гинекологија, физички напаѓајќи повозрасен млад маж, пренесува во саботата Министрството за внатрешни работи.

Инцидентот се одиграл вчера а во СВР Скопје 29-годишниот П.А. од село Слупчане во општина Липково, пријавил дека истиот ден во околу 16:45 часот во Комплексот клинки „Мајка Тереза“ во Клиниката за гинекологија и акушерство 21-годишната В.Т. од Скопје физички го нападнала.

Полицијата работи на расчитување на случајот.