Девојка во животна опасност по труење во елитен ресторан во Франција

Млада девојка е во критична состојба откако била затруена со детергент, кој ѝ бил послужен наместо сок во еден елитен француски ресторан, пишува весникот Ouest-France.

Инцидентот се случил минатата седмица во луксузниот хотелски ресторан „La Fontaine aux Bretons“, во општината Порник во демартманот Атлантик-Лоара, каде што 22-годишната девојка дошла на семејна вечера со родителите.

Родителите изјавиле дека кога нивната ќерка ја испила послужената течност, повратила супстанција која ѝ направила изгореници на кожата дури и преку фустанот.

Девојката итно била префрлена во болница во Нант и ставена во состојба на вештачка кома.

Како што соопшти жандармеријата, сипстанцијата била „индустриски детергент за миење садови, кој содржи каустична сода“. Според прелиминарните сознанија на истрагата, садот со оваа супстанција по грешка бил ставен во ладилник со безалкохолни пијалаци.

Кусо време подоцна друг, вработем, мислејќи дека пијалокот бил заборавен, наточил и го вратил повторно во ладилникот. И трет келнер на истата паса повторно го зел наводниот сок од јаболка да го послужи на масата. Како резултат на тоа целото семејство било однесено во универзитетската болница во Нант, бидејќи и родителите но за среќа само површно го вкусиле „сокот“.

Таткото на девојката, повикувајќи се на она што му го соопштиле лекарите, за весникот рекол дека на неговата ќерка ѝ се заканува најмалку „губење на хранопроводот“.

Се истакнува дека ова не е првиот случај со труење со хигиенски средства ова лето во Франција. Во јуни, во сличен инцидент била хоспитализирана гостинка во пицерија на синџирот „Pizza Hut“ во Париз.