Девојката на Хумелс удри по депилираниот Кики Роналдо

Кети Фишер, девојката на репрезентативецот на Германија, Матс Хумелс е во центарот на фудбалското внимание поради саркастичниот коментар кој е наменет за најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.

Освен што се пошегува со неговата коса, Кети откри дека не може да сфати зошто Роналдо нема ниедно влакно на своето тело.

„Дали го видовте неговото славје во финалето на Лигата на шампиони? Роналдо на телото нема ниту трошка маснотии, но она што му недостига е дека воопшто не е влакнест. Вистинскиот маж мора да биде барем малку влакнест, и на тоа не смее да биде алергичен. Да се биде избричен по целото тело не му доликува на машко. Се обложувам дека неговите нозе се подобро избричени од моите, вели непосредната Фишер, која додава уште на крајот дека тоа е она што ја привлекува кај Матс, со кого се заедно од 2007 година. Ми се допаѓаат мажите кои понекогаш одат неизбричени на кафе, оние кои по тренингот или натпреварот изгледаат поинаку отколку пред тоа, кога се испотени и уморни. Гладијатори, а не топ-модели”, изјави Фишер.