Дијана лично ја повикала во палатата убавицата во која принцот Вилијам бил лудо вљубен

Принцезата Дијана сакала на својот син, принцот Вилијам, да му исполни една голема желба, па лично ја повикала жената по која што принцот бил „луд“ додека бил тинејџер.

Супермоделот Синди Крафорд лани ѝ се придружила на својата колешка и пријателка Наоми Кемпбел во нејзината емисија „Без филтер“ на Јутјуб и тогаш открила неверојатни детали од својот живот.

Синди открила сè за својата средба со принцезата Дијана што се одвивала во Лондон.

– Бев шокирана што сум во Кенсингтонската палата и што имав можност да се запознаам со принцезата Дијана и да видам колку жената е приземна и нормална – открила Синди.

Манекенката признала дека била воодушевена од нејзината скромност, па додала:

„Ја обожавав принцезата Дијана, баш ја обожавав.“

Исто така, Крафорд признала дека многу ја изненадил повикот од принцезата при што ѝ рекла дека сака да дојде на посета кај нив.

– Беше толку љубезна и лично ми се јави во мојата канцеларија, велејќи: „Добар ден, тука принцезата Дијана“, а мојата асистентка којашто се јави на телефон не можеше да верува дека тоа е вистина, но беше – се присетила 54-годишната Крафорд.

Во разговорот таа спомнала дека оваа средба ѝ останала исклучително драг спомен, а дека принцезата се трудела таа да се чувствува како дома.

За средбата е заслужен принцот Вилијам кој во тоа време, додека бил тинејџер, бил лудо вљубен во Синди Крафорд. Бидејќи сакал да ја запознае, мајка му му помогнала во тоа.

Притисокот поради тоа што ќе се запознае со најстариот син на леди Дијана го чувствувала и самата Синди, но поради друга причина.

Имено, нејзе пред средбата ја мачело што ќе облече, поради тоа што не сакала да изгледа „старомодно“ и да го разочара младиот принц, а од друга страна знаела дека мора да го почитува нивниот протокол доколку сака повторно да ја повикаат.

На крајот одлучила да носи мал црн фустан – класика!

File:Cindy Crawford 1995.jpg - Wikimedia Commons

ФОТО: Јутјуб