Ди Каприо на суд поради перење пари – измама тешка милијарди долари

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо се најде на сојузната листа на сведоци за да сведочи во судскиот процес за перење пари против ѕвездата на „Fugees“, Прас Мичел. Познатиот музичар е обвинет за перење милиони од малезискиот државен фонд, од кои некои биле искористени за финансирање на филмот „Волкот од Волстрит“.

Дикаприо на 4 ноември мора да се појави пред судот во случајот со перење пари, бидејќи е наведен како сведок на судењето. Тој е обвинет за соучесништво во перење пари за екипата која помогнала и во финансирањето на филмот на актерот „Волкот од Волстрит“. Станува збор за цифра од неколку милијарди долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio)

Според американските медиуми, раперот Мичел е поврзан со илегалните дејствија на малезиски претприемач кој проневери милијарди долари од тамошниот државен фонд. Тој наводно добил меѓу 8 и 40 милиони долари за учество во измамите. Неговиот соработник во овој нелегален бизнис побегнал од државата и се крие од надлежните органи.

Дикаприо несвесно се вплеткал кога се согласил да му дозволи на Мичел да помогне во финансирањето на „Волкот од Волстрит“, но штом дознал за тужбата поднесена против раперот, веднаш го контактирал Министерството за правда за да помогне во истрагата.

Инаку, на Дикаприо ова нема да му биде првпат да учествува во судски процеси како сведок на финансиски измами. Низ слична ситуација помина и во 2019 година кога беше повикан поради задкулисни дејствија поврзани со режисерот Мартин Скорсезе во чиј филм глумеше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pras Michél (@prasmichel)

Прас Мичел е 49-годишен рапер кој јавноста сè уште добро го памети по ангажманот во хип хоп групата „Fugees,“ а неговото име се поврзува со 40-годишниот малезиски бизнисмен Џо Лоу, кој оттогаш стана бегалец. и кој наводно проневерил милијарди од малезискиот државен фонд за економски развој 1Malaysia Development Berhard, попознат како 1MDB.