Ди Мајо бара ревизија на Даблинскиот договор

Претседателот на италијанското владејачко Движење Пет ѕвезди Луиџи ди Мајо изјави денеска дека прашањето за мигрантите треба да биде разгледано „со многу стручност“ и сметајќи на целосна ревизија на Даблинскиот договор.

Ди Мајо вели дека тоа прашање било одлучувачко при изборот на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и побара итно да се покрене процедура за прераспределба на мигрантите во европските земји.

– Со оглед на тоа дека сме оставени сами на себе сите овие години, ред е и Европа со тоа да се занимава, заклучи Ди Мајо.