Ди Мајо заминува од врвот на Движењето пет ѕвезди

Луиџи ди Мајо ќе остапи во среда од местото лидер на италијанското Движење пет ѕвезди (М5Ѕ), кој е дел од коалицијската влада, соопштија извори од партијата.ж

Ди Мајо, кој исто така е министер за надворешни работи, во текот на претпладнето треба да се стретне со другите министри од редовите на Движењето пет ѕвезди и да ја објави својата оставка на партискиот собир кој ќе се одржи попладнето, пренесуваат италијанските медиуми.

Премиерот Џузепе Конте, кој е непартиски избор на предлог на М5Ѕ, изјави дека ќе ја почитува секоја одлука која ќе ја донесе неговиот министер за надворешни работи.

„Сигурен сум дека таква иницијатува ќе ја преземе со голема одговорност. Ако тоа е нгова одлука ќе ја почитувам, иако лично ќе ми биде жал“, изјави Конте за италијанското радиот RTL без дополнително да коментира.

Иако не се очекува дека најавената оставка ќе ја собори валата, таа ги истакнува уште еднаш длабоките подбелби во порано антисетаблишмент и евроскептично Движење пет ѕвезди.

Ова движење кое на последните два парламентирни избори беше поединечно најсилната партија, а е во коалициската влада е со левата Демократска партија, веќе ја напуштија повеќе десетина парламентарци, и сѐ повеќе го губи рејтингот.