Ди Мајо и Салвини договориле продолжување на заедничката работа

63
Матео Салвини (д) и Луиџи Ди М;ајо

Двајцата потпретседатели на итачлијанската влада Луиџи Ди Мајо и Матео Салвини договорител во вторникот дека со „здрав разум“ заеднички ќе работат во интерес на постигнување на политичка стабилност, објави Ди Мајо.

„Го повикав Салвини утрово и се послушавме меѓусебно и најдовме здраворазумско решени“, изјави во текот на денот Ди Мајо за новинарите во Рим.

Двата политички ривала, кои по минатогодишните избори формираа изненадувачка коалиција, со месеци јавно се препираат со што поттикнаа нагаѓања за распад на владата а тоа ги одвраќа потенцијалните инвеститори. Поради тоа премиерот Џузепе Конте во понеделникот се закани со оставка, доколку двете страни не престанат со препукувањата. Порача дека неговата разединета коалиција мора итно да одлучи дали ќе излезе на предвремени избори или ќе продолжи да владее.

„Сакам јасен, отворен и брз одговор, бидејќи земјата повеќе не може да чека. Ако страните немаат намера повеќе да делуваат како влада, едноставно ќе го предадам мандатот на располагање“, рече Конте во понеделникот на прес-конференција.

Салвини и Ди Мајо во вторникот рекоа дека сакаат да соработуваат во владата на Конте. Истовремено еден од министрите од редовите на евроскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди ја обвини крајно десната партија Лига дека сака да ја собори владата, додека Салвини упати ултиматум за коалицискиот партнер.

„Ќе видиме до крајот на јуни…. ако по неколку седмици сфатам дека ги имаме истите застои во носењето одлуки, постојани одложувања, тогаш имаме проблем“, рече Салвини кој е лидер на Лига и воедно министер за внатрешни работи.

Коалициската влада на Лига и Движењето (M5S) е разнишана од европските избори на 26-ти мај, кои ги променија односите на силите. М5Ѕ на Луиџи Ди Мајо која освои 32,5 отсто на италијанските парламентарни избори во март 2018 година, сега падна на поддршка од 17 отсто, додека Лига на Матеоа Салвини зајакна од 17 на 34 отсто и сега најавува дека ќе презема повеќе иницијатива во владата.

Медиумите коментираат дека откако победи на европските избори, Савлини се однесува како да е дефакто премиер, ветувајќи намалување на даноците и барајќи промена на европските правила за буџетот која поставуваат ограничувања за јавниот долг и дефицит. Конте, меѓутоа, во понеделникот рече дека Италија ќе мора да се придржува на фискалните правила на ЕУ сѐ додека не успее тие да се променат, со што индиректно му порача на Салвини дека владата нема да може да ги финансира сите социјални бенефиции кои челникот на крајната десница им ги ветува на граѓаните.

Доколку се распадне италијанската влада, аналитичарите сметаат дека парламенот би можело да се распушти кон корајот на јули, а предвремените избори да се одржат на 29-ти септември. Лига на нив би излегла на бранот на успехот за Европскиот парламент на кој освои, а М5Ѕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.