Ди Мариа ќе игра против Германија

Агентот на репрезентативецот на Аргентина, Анхел ди Мариа, Еугенио Лопез, потврди дека неговиот клиент се уште има болка во повредениот бутен мускул но и дека е можно да биде во комбинација за финалниот натпревар против селекцијата на Германија.
“Да, веќе почна процесот на рехабилитација, но нема простор за никаков ризик. Беа применети и матични клетки со цел да се забрза процесот на рехабилитација. Анхел сака да биде дел од финалниот натпревар, сака да игра по секоја цена. Ќе даде се од себе во следните неколку ден. Сепка, последниот збор ќе го има селекторот на Аргентина, Алехандро Сабела, од него зависи дали Анхел ќе биде во почетниот состав или финалниот натпревар ќе го започне од клупата за резервни фудбалери”, изјави Лопез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.