Ди Мариа: Природно е да се фатиш за гениталиите

60

Крилниот напаѓач на Реал (М), Анхел ди Мариа се извини за неспортскиот потег кој го направи за време на првенствениот натпревар против екипата на Селта Виго.

Пред да биде заменет, Ди Мариа од најверните фанови на „кралскиот клуб” беше „награден” со громогласни свирежи, а на таквата нивна реакција, аргентинскиот интернационалец одговори со тоа што се фати за генеталиите.

„Станува збор за природна реакција. Истата не беше наменета ниту за публиката, ниту за тренерот. Природна реакција и секој може да ја направи, особено кога си во движење. Сакам да му се извинам на секој кој се почуствува навредено од мојата реакција, но ќе повторам, тука нема ништо скандалозно, станува збор за природна реакција”, изјави крилниот напаѓач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.