Дибала излегува од 45-дневната изолација

Паоло Дибала, Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала, закрепнал од коронавирусот и наскоро ќе им се врати на тренинзите, соопшти во средата торинскиот клуб.

Јувентус соопшти дека последните два теста на аргентинскиот напаѓач биле негативни на коронавирусот, па фудбалерот повеќе нема да биде во домашна изолација.

Дибала беште третиот играч на Јувентус кој се затрази со коронавирусот по Даниеле Ругани и Блез Матуиди, кои побрзо закрепнаа од Аргентинецот кој дури 45 дена беше во домашна изолација со неговата девојка Оријана, којашто исто така беше заразена.

Фудбалерите на Јувентус и повеќето клубови од италијанската Серија А оваа седмица започнаа со индивидуалните тренинзи, а екипните тренинзи ќе ги започнат на 18-ти мај.