Дибала замина во Рома за да биде најплатен

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала останува во Италија по разделбата со Јувентус и ќе го носи дресот на Рома, пишуваат италијанските медиуми.

28-годишниот напаѓач си замина од Торино како слободен, а се споменуваше дека најсериозен кандидат за неговиот потпис е Интер. Двете страни преговараа, се разговараше и за платата, но откако дојде Ромелу Лукаку работите драстично се променија.

Пауло Дибала така седна на маса со Рома. „Волчицата“ за да го добие офанзивецот ќе направи исклучок и ќе го направи најплатен играч во моменталниот состав со годишни примања од шест милиони евра.

Рома пред да го добие Дибала ќе мора да го продаде Никола Заниоло кој има повеќе понуди.