Дибиров ќе паузира две недели

Левото крилото на македонскиот ракометен шампион Вардар,Тимур Дибиров се чувствува добро по повредата на окото за време на 1/8 финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Хамбург.

Но, тој ќе биде надвор од теренот околу две седмици. Дибиров за да ја смири ситуацијата околу шпекулирањето дека за него сезоната е завршена се огласи на својот профил на Фејсбук. Русинот се заблагодари за поддршката и напиша дека е добро и оти очекува да се врати на теренот за две недели.

Ова значи дека најдобриот ракометар на “црвено – црните” ќе го пропушти реваншот од осминафиналето во ЛШ против Хамбург, а неговото враќање на терените би требало да се случи за време на завршниот турнир од СЕХА-лигата, што ќе се игра од 11 до 13 април во Нови Сад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.