Дибиров: Одиме малку по малку напред, дојдовме да однесеме нов пехар во Скопје

Ракометарите на актуелниот европски првак Вардар 1961 во недела ќе се обидат против унгарски Веспрем да ја одбранат титулата во СЕХА лигата, во финалниот дуел кој ќе се одигра во Задар.

По тесната победа над ППД Загреб еден од најискусните во вардаровата екипа, рускиот интернационалец Тимур Дибиров, признава дека противникот е фаворит.

„Потрошивме многу енергија вчера, многу сме изморени. Денеска малку ќе одмориме, лесен тренинг и се ќе биде добро. Нашата работа е на ноие кои останавме да ја пренесеме енергијата на новите играчи. Одиме малку по малку напред, сакаме во иднина Вардар да биде оној од претходно. Знаеме не чека тежок натпревар, Веспрем е апсолутен фаворит, но ние ќе се обидеме да победиме. Тука дојдовме да однесеме нов пехар во Скопје“, изјави Дибиров.

За Веспрем инаку настапуваат поранешните „вардарци“ Шишкарев, Македа, Мораеш, Борозан и Дејан Манасков.