Дибиров потврди дека останува во Вардар, клубот ќе биде спасен

Рускиот ракометен репрезентативец, Тимур Дибиров, според сѐ судејќи ќе остане во Вардар во следната сезона, откако македонскиот превак изминатиот викенд стаса до втората европска титула откако во финалето го совлада унгарски Веспрем со 27:24).

Крилниот играч, за руските медиуми потврдил дека ќе остане во Скопје.

„Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра“, рече Дибиров.

Кај старо-новиот европски шампион, сезонава владееше беспарица, но според последните информации клубот ќе биде спасен, а тоа значи дека и понатаму ќе го гледаме помеѓу најсилните европски клубови.